Општина Илинден започна со изградба на пешачка патека во Миладиновци

Во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива во Илинден” денес започна изградбата на пешачката птека во н.м Миладиновци. Пешачката патека ќе биде во должина од околу 800 метри и ќе се протега од влезот на Миладиновци, па се до паркот со споменикот на Васил Аџаларски.

Денеска увид во градежните работи направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека изградбата на оваа пешачка патека е од голема важност за жителите од населеното место Миладиновци.

-Со тоа значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите, рече тој.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат изградени пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места.

Претходна вестКравињо: Не очекувам повторно да се покрене билатералното прашање со Бугарија
Следна вестВо Хрватска денеска се пушта во употреба мостот на Пелешац долг 2,4 километри