Општина Кисела Вода ја презеде руинираната сала „Расадник, најавена реконструкција

Целосно руинирана спортска сала „Расадник“ денеска под свој управа ја презеде скопската општина Кисела Вода од каде најавија нејзина реконструкција. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска информира дека салата е и правно вратена во сопственост на Општината.

-Ја презедовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела Македонија, најави градоначалникот.

Тој додаде дека од сега ќе се испишува ново поглавје кое ќе го врати сјајот на овој спортски објект.

-Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено- црните и на сите други значајни клубови. Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот, потецнира Ѓорѓиевски.

Претходна вестМаж сексуално ја вознемирувал малолетната ќерка на невенчаната сопруга
Следна вестПронајден хероин и странски возачки дозволи, уапсени двајца тетовци