Сите доброволци што сакаат да учествуваат во гаснење на пожарот во Пехчево денеска да дојдат на плоштадот „Свети Петар и Павле“ и со себе да понесат лопати. Оттаму ќе бидат распоредени на кричичните точки на пожарот.
Ова вчеравечер на неговиот фејсбук-профил го соопшти градоначалникот на Пехчево Александар Китански, посочувајќи дека најстрого се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот.
-Дежурни екипи синоќа го контролираа теренот со цел да не дојде до нови жаришта, особено на оние места каде пожарот веќе беше изгаснат, вели градоначалникот на Пехчево.
Пунктот за донирање на храна и вода, како што информираат од општината, е сместен во просториите на Домот на културата во Пехчево.
Од општината синоќа информираа дека е локализиран големиот пожар кој вчера избувна над пехчевското село Негрево.