Орце Ѓоргиевски и Каја Шукова „ќе се борат“ за Град Скопје

108

Двајца кандидати за градоначалничкото столче во Град Скопје се веќе познати! Орце Ѓоргиевски од ВМРО ДПМНЕ и Каја Шукова од СДСМ „ ќе си ги одмерат силите“ на претстојните есенски локални избори.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вчера на прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

Неодамна, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обелодени дека кандидат за градоначалник на Град Скопје ќе биде Орце Ѓорѓиевски.

Локалните избори се закажани за во октомври.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестВремето денес сончево и топло
Следна вестАктивни се четири пожари низ државата, полициски хеликоптер исфрлил 80 тони вода врз пожар во Василево