Орце Ѓорѓиевски: После 30 години голгота, конечно се реконструира патот за Пеленица

Кисела Вода, Драчево и Студеничани ќе имаат поквалитетни услови за живот – истакна градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, при неговата посета на делницата Драчево – Пеленица која после 30 години се реконструира.

Тој нагласи и дека покрај нов пат, ќе се изгради и тротоар за првпат досега, како и третирање на атмосферските води со ф1000 цевки.

-Патот за Пеленица – после 30 години голгота, конечно реалност!

Со одлична динамика се одвива реконструкцијата на патната делница Драчево – Пеленица, која значително ќе го подобри квалитетот на животот на жителите од Драчево, Кисела Вода и Студеничани, а сето тоа благодарение на Премиерот Христијан Мицкоски.

Станува збор за реконструкција на фреквентна сообраќајница со должина од 3.370 метри и ширина околу 6 метри, а ќе биде изграден и тротоар од едната страна, што никогаш досега го немало.

Тука ќе се изведува и третирање на атмосферските води со ф1000 цевки и поставување на каналетки за одведување на водите.

Ова е доказ дека во Кисела Вода се случува инфраструктурен бум, дека ги споделуваме заедничките вредности со Владата и се обединуваме околу клучни проекти кои се во интерес на народот, за што сакам да изразам искрена благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски за оваа значајна поддршка.

Продолжуваме!

Мојот народ заслужува, а најдоброто допрва доаѓа!, истакна Ѓорѓиевски.

Претходна вестАмерикански и руски дипломати ќе се сретнат во Ријад на преговори за војната во Украина
Следна вестМитева: Државниот јавен обвинител работел нетранспарентно, штител определени лични интереси