Темен режим Режим на светлина

Оштетени голем број згради, десетина луѓе повредени во последните напади на Русија врз Киев

Повеќе станбени згради и објекти се оштетени во текот на изминатата ноќ во руските напади врз Киев, Запорожје, Соломјански и областа Свјатошински, а досега е потврдено дека најмалку седум лица се повредени во нападите, соопштија регионалните власти.

Шефот на воената управа на градот Киев, Тимур Ткаченко во објава на Телеграм посочува дека пет лица се повредени во нападот врз тој град, пренесува Укринформ.

Тој рече дека повеќе станбени згради и објекти се оштетени во нападот.

Главниот советник на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак соопшти за напади со беспилотни летала и ракети.

Претходно, Укринформ објави дека во земјата е прогласена голема воздушна тревога поради полетувањето на борбениот авион МиГ-31 и заканата од ракетни напади.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
АХВ со 373 контроли – казни од над 20.000 евра

Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница, кажаа од АХВ

Следна објава
Филипче: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

Бошњачката заедница е составен дел од нашето општество, соживотот е вредност што нè обединува, кажа Филипче