Османи: Одбиен е спорниот дел во францускиот предлог кој се однесува на нас

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вчера информира дека спорниот елемент во францускиот предлог, не е ставен во документот како финално решение.

-Го стави во заграда, што значи дека тоа не е конечен предлог на Париз. Не можам да кажам дека документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас. Не можевме да се договориме со Бугарија, иако јас мислам дека многу лесно тоа може да се реши доколку има политичка волја,

Кога е потпишан Договорот за добрососедство во 2017, Османи истакна дека предвидено е Комисија меѓу двете влади да направи пресек што е направено и што ќе се направи.

-Тие записници се викаат протоколи. Еден протокол потпишал мојот претходник, вториот не е усогласен. Ги знам аргументите, штом Договорот е внатре во рамката, а ги опфаќа сите одредби во него, што е спорно да се спомнува? Ја разбирам логиката дека нема правни последици од тоа дали ќе се спомне или не, бидејќи Бугарија ако сака да спречи, ќе најде милион аргументи и да се во рамката или не, за да ги искористи, рече Османи во емисијата „10 минути“.

Претходна вестВо автомобил имале 24 мигранти, приведени двајца криумчари од Битола
Следна вестПритвор за мажот кој сакаше да прегази комунални инспектори и полицаец