Османи си го врати профилот на Твитер

Твитер профилот на министерот за надворешни работи Бујар Османи од утрово повторно е активен откако вчера тој на Фејсбук објави дека профилот бил предмет на хакерски напад.

-Од утрово е вратен профилот, освен неколку избришани твитови на прв поглед не е забележана никаква посериозна злоупотреба, соопштија од МНР.

Османи вчера напиша дека случајот го пријавил во Министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адреси на Твитер.

Името на профилот на Османи беше сменето во „Sheldon The Sniper“.