Темно Режим Светло Режим

Останува забраната за свадби, крштевки и други прослави

Забраната за организирање какви било прослави во угостителски објекти останува на сила, одлучи Владата попладнево на седница.

-Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично), со цел спречување на ширење на вирусот, соопшти Владата.

Инаку, угостителите и музичарите побараа надлежните да направат промена на протоколот со кој се забранува организирање музички настани во внатрешните и надворешните делови на објектите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Пак горел автомобил во Скопје, од него се запалиле уште три возила

Следниот Пост

Во огромен пожар изгореа 4 камиони во Бутел