„Островот на Артуро“ литературно освежување на пеколните горештини

Скопските книжарници ја препорачуваат „Островот на Артуро“ на Елза Моранте, како избор за релаксација во овие пеколни летни денови, особено ако сте на плажа.
-Дејството се случува на мал остров во Тиренското Море каде живее едно момче што е невино, не знае за грев. Мајката на Артуро е мртва, неговиот татко е далеку. Жени облечени во црно се грижат за него, ја водат куќата, му даваат слобода да доаѓа и да си оди како што сака. Потоа таткото се враќа од копното со новата сопруга Нунцијата, која всушност е девојка одвај постара од самиот Артуро. Во почетокот момчето чувствува само омраза и презир кон својата маќеа, но таа реагира поинаку и наскоро неговата омраза ја заменуваат чувства кои му се непознати, се вели во описот на содржината на книгата.