Осум албуми на Васил Хаџиманов преку „Кроација рекордс“ достапни секаде во светот

Осум албуми на Васил Хаџиманов и неговиот бенд се достапни ширум целиот свет откако „Кроација рекордс“ ја направи комплетната дискографија на располагање на сите нејзини дигитални платформи.

– Албуми кои секогаш ги поместуваат границите на прогресивната музика, кои музичките критичари ширум светот ги препознаваат и наградуваат највисоките оценки. Албуми кои добиваат одлични критики, кои публиката со голем интерес ги следи во секоја нова изведба, велат од „Кроација рекордс“.

Хаџиманов и неговиот бенд две децении ја изведуваат својата музика на концерти и музички фестивали во регионот и низ целиот свет. Оваа година Васил Хаџиманов ја освои наградата за најдобар џез-пијанист на електричното пијано на 41-те Annual Jazz Station Awards, додека бендот го зазеде второто место во категоријата „најдобра џез група“.

Претходна вестВо градинките предност ќе имаат децата чии родители не ќе можат да работат од дома, мајките во паника
Следна вестСончево, попладне со краткотрајна нестабилност