Осум млади скопјани славеле во Маврово, ама и се тепале…

Пречекувале – славеле Нова Година во Маврово, ама и се тепале. Имено, на 01.01.2023 околу 04.30 часот во Маврово, полициски службеници од Полициското одделение Маврово ги привеле С.М.(19), А.М.(19), Ф.С.(22), П.М.(20), Х.П.(25), А.В.(25), А.Г.(25) и М.И.(24), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Од МВР известуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Претходна вестМожно ли е ситите луѓе да не знаат дека во Македонија има и гладни?
Следна вестВозач и сопатничка повредени, излетале со возилото на патот Охрид – Кичево