Осум повредени во сударот меѓу полициско возило и автомобил кај Белановце

Сообраќајна несреќа со осум повредени лице се случила вчера на подрачјето на кумановското село Белановце, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 08.01.2024 во 17.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Белановце, атар на село Белановце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице (62) од с.Арачиново-скопско, и возило „Дачиа дастер“, сопственост на МВР, управувано од лице (43) од с. Облавце-кумановско.

-Во незгодата со телесни повреди се здобиле А.Б., О.С., како и уште тројца полициски службеници кои биле во возилото „дачиа“ и уште три сопатнички од патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, се наведува во соопштението.

Претходна вестЕден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19
Следна вестВладата препорача да се разрешат двајца директори на М-НАВ, предложи и нивни замени