Осумдневен притвор за маж од Демир Хисар, на сограѓани им се заканувал со убиство

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 50-годишен жител на Демир Хисар за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

-На 31 октомври, во два одделни инциденти, осомничениот директно се заканувал на други жители на Демир Хисар дека ќе ги лиши од живот, предизвикувајќи кај нив вознемиреност и страв, се наведува во соопштението.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.

Претходна вестОдрон на патот село Извор – село Иванчишта, сообраќај по една лента
Следна вестЧетири кандидатури за претседател на Друштвото на писателите на Македонија