Осуммина поминалне на црвено, шестмина возеле пијани…

Вкупно 201 санкција изреекла полицијата при вчерашните контроли на скопските сообраќајници. И вчера најбројни беа прекршоци со кои возачите ја надминувале дозволената брзина од 50 километри на час. Казна за таков прекршок им е изречена на 24 возачи.

-Имало и 11 мерки возење без возачка дозвола и четири санкции за нерегистрирани возила. Изречени се и осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестИнспекција во гевгелиската градинка ќе утврдува дали имало насилство или детска игра?
Следна вестТите: Нејмар ќе игра, можете да бидете сигурни во тоа