Откако ги насочи уметниците да го „расположуваат народот“ министерката за култура напиша извинување

Извинување за својата изјава со која ги „насочува“ уметниците како да творат упати денеска министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска. Нејзината изјава со која им порачува на уметниците слободно да творат но во духот кој ќе го расположи народот денеска предизвија бројни негативни реакции во јавноста. На прашањето на новинарот на Гласот на Америка на македонски јазик дали точката во Билатералниот протокол со Бугарија ќе значи и цензура на творештвото таа рече дека авотрите може слободно да творат.

-Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро, рече министерката.

Министерката во изјавата додава дека ќе нема препреки за досегашното и за новото домашно творештво.

-Никој, односно Министерството за култура, нема да ја има улогата на полицаец и да будно да следи кој што ќе направи. Слободата на уметникот е голема. Тој има право да се изрази и тоа право никој не може да му го ограничи во ниту еден момент, вели министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Во прилогот, пак, авторите поставуаат прашања дали уметничката креација и слободната мисла ќе бидат подложни на политичка контрола после потпишувањето на протоколот со Бугарија. Кај домашните автори потпишаниот протокол созаде нејаснотии и стравувања за можна цензура врз творештвото.

-Од една страна ми е ужасно збунувачки, а од друга страна ми е ужасно застрашувачки. Целата македонска проза е базирана на тој таканаречен историски наратив, на пример Петре М. Андреевски многу често зборува за бугарската окупација. Дали тоа значи дека ќе треба да ги цензурираме книгите на Петре, вели писателот Петар Андоновски.

Министерката Стојчевска, пак, во својата реакција рече дека во земјава нема место за никаква цензура.

-Цензуарат е одлика на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме! Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите “Слободно нека творат!” Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања, напиша министерката на Фејсбук.

Таа додаде дека и е жал доколку нејзината изјава повредила некого.

-Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување. И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми, додава таа.

Претходна вестКомисијата за заразни болести не препорачува воведување на нови рестриктивни мерки
Следна вестШестмина се повредени во три потешки сообраќајки вчера во Скопје