Спречен обид за криумчарење на мигранти. Имено, вчера во раните утрински часови на автопатот Велес – Скопје, по пунктот „Македонијапат“, полициски службеници пронашле 25 илегални мигранти и три автомобили „Ауди“, „Фоклсваген“ и „Мерцедес“, кој бил превртен.
Возилата со скопски регистарски ознаки претходно биле забележени кај Демир Капија, но не застанале на даден знак за запирање и продолжиле со движење кон Скопје.
Во разговор со полициските службеници мигрантите појасниле дека биле симнати од трите возила.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.