Откриена и четврта дупка на гасоводот „Северен тек“

Шведската крајбрежна стража извести за четврто истекување гас во Балтичкото море над гасоводот „Северен тек“.

-Две од четирите оштетувања се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Шведска. Сега има „две истекувања на шведска и две на данска стран, изјави портпаролката на крајбрежната стража за весникот „Свенска Дагбладет“.

Taa објасни дека двете протекувања на шведска страна биле „блиску едно до друго“.

Истекувањето на гас од системите „Северен тек“ во шведските и во данските води во Балтичкото Море беа откриени во понеделникот, а Европската Унија (ЕУ) и НАТО изразија уверување дека инцидентите се резултат на саботажа.

Европската Унија вети „силен“ одговор на секое намерно прекинување на нејзината инфраструктура.

Истекувањето од гасоводот „Северен тек“, кој испумпува огромни количини на природен гас по дното на Балтичкото Море, би можело да емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на гас на стаклената градина во Данска, предупреди шефот на данската Агенција за енергетика, Кристофер Ботсав.

Данската емисија на јаглерод диоксид во 2020 година се смета дека била 45 милиони тони, пренесува Бета, повикувајќи се на „Асошиејтед прес“.

„Се додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму, рече Ботсав, кој притоа не кажа кога ќе може да се организира нуркање за да се види во каква состојба се цевките кои се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и обложени со бетон.

Гасоводот лежи релативно плитко на морското дно, на длабочина од 70 до 90 метри од каде плинот избива на површина на Балтичкото Море.

Сеизмолози во вторникот рекоа дека се регистрирани експлозии во Балтичкото Море и оти потоа било откриено необично истекување од двата подморски гасовода.

Претходна вестПровалиле во станот на 67-годишна жена но не украле ништо
Следна вестПешаците вчера дома однеле и 28 казни од полицијата