Темно Режим Светло Режим

Откривме рекетарска шема во Пробиштип, се кратат 10% од платите на рударите за приватни бизниси на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Левица

Левица задоволна што е прифатен нивниот предлог закон за вработување во јавните здравствени установи Левица задоволна што е прифатен нивниот предлог закон за вработување во јавните здравствени установи

Нови сознанија до кои дојде партијата Левица укажуваат на уходана шема на партиски клиентелизам и злоупотреба на средства во рударските компании во Пробиштип и Крива Паланка. Според нив, секој месец од платите на рударите се одземаат, односно рударите се казнуваат за 10%, а тие средства завршуваат во приватни фирми под контрола на функционери блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Во центарот на шемата, според Левица, се наоѓа Марјан Панов – Лиса, претседател на т.н. „Патриотски институт” и близок соработник на актуелниот кандидат за градоначалник на Пробиштип, Томе Тодоровски – Тозо. Панов е сопственик на приватната агенција за обезбедување „Security Fox”, која обезбедува два рудника: „Булмак” во Пробиштип и „Тораница” во Крива Паланка.

Дополнително, Левица соопшти дека во шемата е вклучена и пратеничката Драгана Арсова, чие семејно возило е регистрирано како дел од возниот парк на истата агенција за обезбедување.

Клучен играч во оваа мрежа на интереси е и Тони Тоневски, директор на рудниците и кандидат за нов мандат како градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој, ја контролира исхраната во рудниците, додека Панов го контролира обезбедувањето, со што, како што велат од Левица, се заокружува партиската контрола и приватниот профит врз грбот на рударите.

Партијата најавува институционална борба против ваквите организирани и партиски поврзани бизнис-интереси кои ги злоупотребуваат работниците и јавниот систем.

Претходниот Пост

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид на тетовско училиште

Следниот Пост

Владата вели дека нема да ги толерира триковите на трговците ако ги зголемат цените без основа