Отворен е конкурсот на најдобар необјавен роман за 2021 година

Одново стимулација за прозните творци: распишан е конкурот за најдобар необјавен роман за 2021 од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Можат да конкурираат сите заинтересирани автори со свои необјавени романи наменети за возрасни или за деца, напишани на македонски јазик со кирилично писмо. Романите треба да бидат предложени од самите автори, кои треба да ги достават во електронска форма (во „ворд“ или во ПДФ-формат), на [email protected].

Во жири комисијата членуваат двајца релевантни и реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот.Висината на наградата е 90 илјади денари, а добитникот ќе биде соопштен најдицна до 29 октомври.

Авторите се должни да остават валидна е-адреса и телефонски број за контакт, на кои ќе бидат достапни и непречено ќе комуницираат со организаторите на конкурсот. Конкурсот ќе биде отворен до 31 мај 2021 година. На минатогодишното, второ издание, пристигна 61 ракопис, а првото место го освоија Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ и Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“.

Претходна вестМногу скопјани излегоа на кафе по кафулиња, како ли ќе се приберат во сабота?
Следна вестПретежно сончево со температура до 26 степени