Отворен конкурсот за геофотографија „Пејсажи од селата во Македонија“

„Пејсажи од селата во Македонија“ е насловот и тематската определба на конкурсот за геофотографија на истражувачкото здружение на студенти географи – „Природник”. Пријавувањето трае до 6 септември, а започна вчера.
Право на учество имаат сите граѓани на Македонија, без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност. Сите пристигнати фотографии ќе бидат објавувани во заеднички албум на Фејсбук профилот на Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник” по завршување на рокот на испраќање на фотографии.
Откако ќе се затвори конкурсот предвидено е во период од 09.09.2018 година до 15.09.2018 година секој да гласа за нив со „лајк“. Дваесетте фотографии кои до 15-ти септември ќе имаат најмногу гласови односно лајкови ќе бидат испечатени и изложени за време финалниот настан. Апликацијата односно фотографиите треба да бидат испратени на имејлот geofotokonkurs@gmail.com. Еден автор може да испрати најмногу 5 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е-маил (не принт, црнобели фотографии или панорама формати). Насловите на дигиталните фотографии мора да го содржат името на фотографот и името и бројот на фотографијата (1-5) (пример: ДаркоРистовски_СелоКрапа _1.jpg). Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум. Препорачан формат е JPEG/150dpi, со големина на фајлот која не надминува 20Мb. Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот. Потребно е да содржат пејзажи од природата и селото (реки, околни планини, полиња итн.), а не е само градба. За секоја фотографија авторот задолжително треба да испрати текст од најмалце 250 зборови ( приказна ) за селото, карактеристики, име итн.