Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, го пуштија во употреба новиот мултифункционален спортски центар во Долно Коњари.
Проектот е реализиран во рамки на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура.
Центарот располага со терени за фудбал, ракомет и кошарка, опремени со соодветни реквизити.
Целта е да се создадат подобри услови за спорт и рекреација, особено за младите во општината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






