Отворени нови телефонски линии за психо-социјална поддршка на родители и деца

Отворени нови телефонски линии за психо-социјална поддршка на лицата погодени од кризата со коронавирусот. Имено, УНИЦЕФ во соработка со Министерството за здравство и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија денеска отвори две нови телефонски линии за поддршка на менталното здравје и психо-социјална поддршка.

-‘’Телефонската линија 078 378 728 за помош на тинејџерите и на нивните родители и телефонската линија  070 291 574 за помош на родители на деца со попреченост ќе работат од 9:00 до 16:00 часот секој работен ден. Телефонската линија 072 912 676 за помош на деца на училишна возраст и на родители на деца на предучилишна и училишна возраст ќе работи од 9:00 до 19:00 часот секој работен ден, стои во соопштението од УНИЦЕФ’’.

Покрај физичкото здравје, во вакви услови е особено важно да се грижиме и за нашето ментално здравје, да ја развиваме отпорноста и да ја подобриме нашата благосостојба.