Да поминеш на пешачки во Скопје не е лесна работа. На некои места дури е и ризик. На пример на пешачките премини кај трговскиот центар „Рамстор“ кај старата железничка станица.
Блиските контакти меѓу пешаци и автомобили се секојдневие на овие прометни премини и сообраќајница. Автомобилите кои доаѓаат од правецот на „Макпетрол“ забрзано одат кон семафорите на големата крстосница кај поранешната НИП „Нова Македонија“, а и бројните пешаци, исто така сакат брзо да поминат. Поради сето ова, често се случува да шкрипат гуми, да потскокнуваат пешаци… Во март годинава се случи и потешко повредување на еден пешак токму таму.
Очигледно, освен исцртаните зебри, треба и друго да се превземе за побезбедно движење. Секако прво е да се отворат „четири очи“ и да се биде внимателен, но, можеби, поставувањето на семафор со кој ќе се регулира наизменичното пропуштање на пешаците и на автомобилите би можело да помогне.
Некој од надлежните треба да подразмисли…