Ова година комарците немало да уживаат во Скопје

Комарците летово немало да не масакрираат како лани. Така барем соопштија од Град Скопје потврдувајќи ни дека првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје била извршена во раните утрински часови.
Конечно годинава градоначалникот Шилегов работата ја почна на време, а не како лани кога мораше и да се измислува зошто не ги слушаме авионите како прскаат.
Од Град Скопје укажуваат дека денеска ќе започнела и терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, а ќе заврши најдоцна до четврток. Предвидено било прскањето од земја да се реализира доцна навечер.