Овие наполитанки не се наполитанки

Шо им стана на новинарите па почнаа да си делат лекции по новинарство? Ги гледам и читам и им се чудам колку се обидуваат да бидат важни, да кажат нешто…, а у ствари бегаат од кажување на важните работи шо ја тиштат Македонија. Како дојдов до ваков заклучок?

Епа да ве прашам, нормално ли е еден медиум да критикува друг дека не е медиум оти бранел ставови само на една партија, а тој, критикувачот, да е бранител на друга партија? Па зашо еднаш не видам, да излезе еден од нив и сам себе да се критикува? Нека го направат тоа и ќе ги гледам само нив.

Некои новинарчиња па, се удружиле и сега они ќе кажувале кој е подобен медиум за на интернет, а кој не. Е како бе тоа? Саморегулаторно тело, ќе речат тие. Епа и ја сум ваљда некакво саморегулаторно тело и смеам сам да одлучам кој е новинар и медиум, а кој не. И тоа право се повеќе го користам.
И да прашам: нормално ли е производител на наполитанки да каже: овие туѓите наполитанки, не се наполитанки?