Овојпат МОН ќе биде понавремен: Објавен повик за учениците во трето одделение во следна учебна година

Цело ова полугодие македонското образование мака мачи со учебници. Ресорното министерство сега најавува дека превзема мерки во иднина да бидат понавремени.

Јавен повик за изработка на нови учебници за трето одделение за учебната 2023/2024 година, за да учениците во септември вгодина навреме ги добијат материјалите, објави денеска Министерството за образование. Во соопштението се наведува дека за тоа веќе се направени нови наставни програми.

-Објавен е повик за автори за поднесување предлог учебници за наставните предмети во трето одделение за учебната 2023-2024 година, за кои Бирото за развој на образованието веќе изготви нови наставни програми. Повикот се објавува порано од досегашната вообичаена практика, за да се обезбеди сигурност дека постапка за одобрување на учебниците за трето одделение по македонски, албански, турски, српски и босански јазик, како и по математика, природни науки и општество, ќе заврши пред почетокот на учебната година следниот септември, наведе МОН.

Крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 13 февруари 2023.

До повикот доаѓа откако учениците од прво, второ, четврто и петто одделение оваа учебна година, 2022/2023 ја почнаа со работни материјали бидејќи не беа издадени учебниците. Учениците ги добија учебниците неодамна, на безмалку месец и половина пред крај на првото полугодие од учебната година 2022/2023. Се испечатија над 20 учебници за кои нема жалбени постапки, по наставни предмети во прво, второ, четврто и петто одделение и тоа на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата, односно на македонски, албански, турски, српски и босански јазик. Нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование.

Дали учебниците ќе стасаат на време за претстојната учебна година останува да се види. Процедурите за издавањето на учебниците често се пролонгираат од повеќе причини. Поради тоа големи проблеми им се создаваат на учениците.

Претходна вестИ денес одекнува мислата на Конески: Јазикот е единствената наша татковина
Следна вестМалолетници нападнати во Шуто Оризари