Падна владата на Кирил Петков

Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание, јави собранискиот известувач на БГНЕС.

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков. Го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.

Како што пренесува БГНЕС, големиот камен на сопнување беше почетокот на разговорите меѓу Македонија и Европската унија, на кои Софија стави вето поради непочитување на Договорот за добрососедство од 2017 година, говорот на омраза, уништувањето на бугарските културни споменици и фалсификувањето на бугарската историја. Од првите денови на неговото владеење, Петков и неговиот советник за надворешна политика водеа еднострана политика кон Скопје, заобиколувајќи го МНР и одлуките донесени едногласно во 2019 година – Рамковниот став на бугарскиот парламент и владината декларација, додава БГНЕС.

Претходна вестНа „Ќафасан“ уапсени седум лица, дозволиле или вршеле шверц на стока од Македонија
Следна вестТопло и сончево време, попладне пороен дожд и грмежи