„Пајакот“ крена 93 возила во скопски Центар

Во акција на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, минатата недела се санкционирани 185 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопштуаат од Јавното претпријатие, во периодот од 26 декември до 1 јануари, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ПОЦ отстранети се 93 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 92 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, наведуваат од ПОЦ.

Претходна вестАмерикански војник за фаќањето на Хусеин, сакаше да преговара му рековме „тоа време заврши брат“
Следна вестБројот на претплатниците на мобилната телефонија – 1.932.608 го надмина бројот на жителите – 1.836.713