Пајакот во Центар имал ударничка недела

Во општина Центар не простуваат паркирање надвор од дозволеното. Минатата недела со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети биле дури 133 непрописно паркирани возила, од кои две (2) несовесно паркирани возила на места наменети за лица со посебни потреби. Со поставување на механичкото средство „Блокатор“ санкционирани биле 126 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во коишто биле паркирани.

Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите…
Скопјани апелираат да се зголемува бројот на паркинг места…