Пајакот во Центар со месеци не се заморува

И минатата недела пајакот немал милост во општина Центар. Имено, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје минатата недела санкционирале 316 возачи за непрописно паркирање.

Во периодот од 25.11. до 01.12., со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ биле отстранети 177 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 139 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од општина Центар наведуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на територија на општина Центар.

Но, што и со проблемот – недостаток на паркинг места?