Гореле автомобили во Скопје. Имено, од МВР информираат дека синоќа околу 04:10 часот во полицијата било пријавено дека на ул. „Ордан Чопела“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Ф.
Од пожарот кај тоа возило биле зафатени и соседни автомобили, „Голф“, сопственост на С.Н., „Мерцедес“, сопственост на Д.Е. и „Опел корса“ без регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, соопшти полицијата.
Засега нема информации за причините на пожарот. Инаку, за жал, во Скопје честосе случува автомобили да пламнуваат навечер.