Палевски ќе презентира снимка од банка како дел од својата одбрана

36

Судењето за грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска продолжува денеска во Кривичен, а обвинетиот Љупчо Палевски ќе презентира снимки од банка како дел од своето алиби за времето во кое било извршено убиството на Вања.

Обвинителството тврди дека Палевски имал доволно време да го изврши злосторството пред да стигне во банката, но неговата одбрана твди дека бил во банката од 9 до 12 часот, кога наводно чекал ред.

Судијата Ивица Стефановски ги најави следните рочишта за 12, 17, 19, 24 и 26 март, кога ќе бидат испитани и останатите обвинети во случајот.

Судскиот процес влегува во својата кулминација со испитувањата на обвинетите, со кои се очекува да се разјаснат мотивите за убиствата и деталите за злосторствата.

Претходна вестВоз усмрти мајка и двегодишно дете во Хрватска
Следна вестСиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер