Пандев не сакаше да го прогнозира исходот на натпреварот Италија-Македонија

Горан Пандев, не сакаше да го прогнозира исходот на мечот Италија-Македонија. Тој целата кариера, со исклучок на една сезона, ја мина во Италија, што го прави одличен соговорник особено за италијанските медиуми пред квалификацискиот натпревар Италија-Македонија.

– Ќе го гледам натпреварот на телевизија, нема да одам во Рим. Ова за мене ќе биде посебен натпревар и поради тоа нема да давам никакви прогнози, изјави Пандев за „Фудбал Италија“.

Тој откри дел од плановите за во иднина.

– Во моментов раководам со клуб во Македонија. Не размислувам да станам тренер. Сакам само да уживам со семејството. Можеби ќе учам за спортски директор, сепак немам јасна претстава што ќе правам понатаму, вели Пандев.

Италија во петок, во Рим, ќе ја пречека Македонија, која ќе игра за престиж, бидејќи по поразот од Украина остана без шанси за второто место во групата.

 

Претходна вестГерманците сакаат да забранат извоз на лек за дијабетес, има недостиг затоа што го користат за слабеење
Следна вестЕко-свест: Наместо во гасниот конектор подобро е да се инвестира во обновливи извори на енергија