Пандев: Серија А е подобро место за Елмас од Бундеслигата

23

Горан Пандев, поранешен македонски фудбалер, во разговор за „Радио Лацијале“ го прокоментира враќањето на Елиф Елмас во Серија А.

Лајпциг го купи Елмас од Наполи за 25 милиони евра, но не успеа да се докаже во Бундеслигата и поради тоа се врати во Серија А како позајмен играч на Торино.

-Враќањето на Елмас во Торино? Тој направи добро што се врати во Италија, мислам дека повеќе му одговара Серија А отколку Бундеслигата, кажа Пандев.

Претходна вестКонстантинос Тасулас избран за претседател на Грција
Следна вестНад 150 килограми марихуана запленети на граничниот премин Богородица