Пандев: Што да разговарам со претседателот на ФФМ кога тој не разбира ништо за фудбал

Фудбалската Федерација на Македонија е катастрофа, а со нејзиниот прв човек Мухамед Сејдини нема што да разговарам бидејќи тој не разбира фудбал. Ова, меѓу другото, го изјави македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев во најновата емисија на некогашниот хрватски фудбалер Марио Станиќ, „(Не)успех првака“.

Пандев кој често го критикува актуелното раководство на ФФМ, вели дека кога станува збор за Федерацијата дека ништо не е променето а состојбата е и понатаму катастрофална.

– Односите се катастрофално лоши. Јас и пред Европското првенство кажував што мислам за ФФМ, дека организацијата е катастрофа. Ние отидовме на ЕП со стари дресови десет години. Од Италија ми бараа дресови, не знаев што да им кажам. Маркетингот е ужас. Мислев со пласманот ќе се сменат многу работи, дека ќе се инвестира во развој, ама ништо. Сѐ за лични интереси. Во Прва лига се откажува клуб пред почеток на сезона. Како да зборувам со човек кој не разбира фудбал? Едноставно не разбира. Никако не ми е сфатливо, никој од легендите како Митко Стојковски, Дарко Панчев, Милко и Бошко Ѓуровски, Чеде Јаневскии, ама баш никој да не е во ФФМ, вели Пандев.

Горан Пандев паузираше во репрезентација во периодот од 2014 до 2016, а една од причините се менаџерските шеми кои се случувале и всушност беа јавна тајна.

– Јас плачев за Македонија, а гледав што сè се случува. Гледаш менаџери работат, нешто што никогаш не можев да прифатам, дека мора некој да игра за да биде продаден. Како може тоа да го гарантираш. Десет пати зборував со претседателот, да играат најдобрите, ама сè беше хаос. Тотална катастрофа, ништо не функционираше, секој циклус нов селектор, а во еден циклус играа 50 фудбалери. Ние Италија ли сме? Mи велеа ти само одработи го своето. Но, не можев и тоа откажување ми беше најтешката одлука во животот, истакна Пандев.

Пандев кој ја однесе Македонија на Европско, после настап за репрезентација исцрпен се враќал во Лацио, бидејќи менувал и по четири летови, а во репрезентација се вратил тогаш кога почнале да се почитуваат играчите.

– После се сменија некои работи, прв Љубинко Друловиќ ме бараше да се вратам, но не бев подготвен, а потоа по разговорот со Игор Ангеловски се вратив. Се вратив зашто почнаа да ги почитуваат репрезентативците, зашто претходно менувавме по четири авиони. Едноставно мора да се почитуваат играчите, па почнавме да одиме со чартери. Јас претходно не можев по четири дена да се соземам, додека играв во Лацио, Делио Роси ми велеше: Ти после настап за Македонија, цел месец не можеш да дојдеш при себе, рече Пандев.

Претходна вестДа ги анкетираа министрите дали се среќни, а не народот – ќе бевме највесела нација на Балканот
Следна вестАпел на РСБСП: Користете сигурносни појаси