Паниката помина, деловите од кинеската ракета паднаа во Индискиот Океан

Светот може да здивне откако неколку дена беше во медиумска тензија околу тоа – каде ќе падне кинеската ракета. Остатоците од најголемата кинеска ракета „Лонг Марч 5Б“ паднаа денеска во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во атмосферата на Земјата, јавија кинеските државни медиуми.

Делови од ракетата „Лонг Марч 5Б” влегоа во атмосферата во 10.24 часот по локално време.

„Местото на падот е во Индискиот океан, југозападно од Индија и Шри Ланка”, соопшти кинеската агенција за вселенски летови.

Во соопштението се додава дека „повеќето остатоци од ракетата изгореа во атмосферата.