„Папокот на светлината“ – новото ремек дело од Венко Андоновски ја обиколува Македонија

Венко Андоновски ја обиколува Македонија со своето ново ремек дело насловено „Папокот на светлината„. По Битола и Куманово, денес во 13:00 часот промоција на романот ќе има и во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип, заедно со Винка Саздова во улога на соговорник и промотор.

„Папокот на светлината“ го доживеа своето второ издание, се закити со наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно остварување за 2022 година, а на пат е да освои и нови љубители на пишаниот збор.

Како што вели и самиот писател оваа книга има поента, а целта на секоја промоција е луѓето да не останат повеќе исти.

– Преку оваа книга треба да се обидеме да го разбудиме човекот во нас, да се запрашаме дали можеме да станеме подобри луѓе. А пред се да се обидеме самите да ја најдеме смислата на животот кој го живееме, изјави писателот на вчерашната промоција во Центарот за култура Куманово „Трајко Прокопиев“.

Инаку, Андоновски е еден од најчитаните драмски македонски автори во последниве две децении. Романот „Папокот на светот“ до сега е печатен во 15.000 примероци, а продаден во повеќе од 2000 примероци. Делата му се преведени на десетина јазици, а неодамна беше промовирана и руската верзија која излезе од печат во Москва пред еден месец.

Претходна вестРеформите на Макрон кризираат: Приведени 217 лица на протестот во Париз поради пензиските реформи
Следна вестСе сетија ли пратениците од ДУИ на амнестирањето од 2002 година кога гласаа против амнестијата за 27 април?