Паркирал „Голф“ во Чаир, го затекнал без тркала

Глетка на автомобил поставен на бекатон цигли откако му биле украдени сите четири тркала затекнал денеска изутринава сопственик на автомобилот од марката „Голф“ во скопската населба Чаир. Кражбата се случила во близина на прометен маркет каде во текот на ноќтта возилото било паркирано. Сопственикот веднаш ја пријавил кражбата во полицијата која што ја почнала потрагата по се уште непознати сторители.

Кражбите на автомобилските тркала не се реткост во градот. Пред две години полицијата откри четиричлена група што крадела и препродавала тркала од возила во Скопје. Ова група извршила три тешки кражби на тркала на подрачјата на Аеродром, Центар и Карпош со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 100.000.