Парламентот се приклучи кон „16 дена активизам“

14

Собранието вечерва беше осветлено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која се одбележува на глобално ниво и претставува повик за акција и солидарност со жртвите.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук истакна дека овој потег не е само визуелен симбол, туку „јасна и моќна порака“ дека највисоката претставничка институција цврсто стои на страната на секоја жена и девојка.

„Нека портокаловата светлина послужи како повик за размислување, а заедно со оваа светлина да се разбуди и надежта за општество каде секоја жена и секоја девојка живее без страв, почитувана и заштитена“, напиша Гаши.

Генералната секретарка на Парламентот, Марина Димовска, додаде дека одлуката Собранието да биде осветлено во портокалово не е само симболика, туку силна порака за нетолеранција кон било каков облик на насилство врз жени и девојки.

„Заеднички да градиме општество во кое секоја жена живее без страв, почитувана и заштитена“, потенцира Димовска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЦел фудбалски свет му се смее на Манчестер Јунајтед
Следна вестДенес дожд и ниски температури – викендот со стабилизација