Патничкиот воз од Скопје до Битола вчера патувал 10 часа

Патничкиот воз кој од Скопје вчера попладне тргна во 14:30 часот во Битола пристигна синоќа 30 минути по полноќ. Патувал цели 10 часа бидејќи бил запрен на железничката станица во Богомила.

Како што информираа за МИА од велешката Железничка станица, причина била расипана локомотива на товарен воз во близина на село Слепче, поради што пругата била блокирана. Расипаната локомотива била повлечена од друга во 21:50 часот, кога и патничкиот воз од Богомила продолжил кон Битола.
Патниците од преполниот патнички воз со три вагони вчера реагираа на социјалните мрежи поради долгото чекање на станицата во Богомила.
Претходна вестЌе има ли СДСМ само премиер во македонската влада?
Следна вестСкопјанец превезувал мигранти од Сирија