Темен режим Режим на светлина

Патот преку планината Галичица од утре отворен за сообраќај

Јавната установа Национален парк „Галичица“ соопшти дека прекинуваат градежните активности за реконструкција на коловозот на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, така што од утре завршува режимот на сообрајќај којшто беше определен до денеска и патот е слободен за секаков сообраќај.

Од Националниот парк сепак ги потсетуваат граѓаните дека се уште е во сила прогласената кризна состојба во државата и забраната за движење по шумските предели низ целата Република, вклучително и на територијата на Националниот парк „Галичица“. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

За една недела речиси 3.500 нови заразени, починале 25 лица

Следна објава

Во автобус од Турција се обиделе во земјава да внесат злато вредно 150.000 евра