Патот Прилеп – Крушево е затворен за сообраќај

Поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани, информира Министерството за внатрешни работи.

За доаѓање на манифестација во Крушево на 1 и 2 август треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.

Претходна вестОпштина Пехчево бара доброволци за гаснење на пожарот
Следна вестВо Крушево почнуваат чествувањата за 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република