Темен режим Режим на светлина

Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него, кажа Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Штип во своето обраќање ја истакна исклучителната посветеност на кандидатот за градоначалник, Павел Иванов, како пример за чесност, храброст и верба во социјалдемократските вредности.

„Пред повеќе од една година, по тешкиот пораз на изборите, требаше да се обноват општинските организации. Првата организација што ја средувавме беше штипската. Му се обратив на Павел, го прашав дали е подготвен да ја преземе одговорноста. Тој прифати, иако знаеше дека може да ја изгуби својата работа. И навистина ја изгуби, но остана чесен, храбар и посветен. Тоа е вистинска љубов кон СДСМ и кон социјалдемократските вредности,“ изјави Филипче.

Тој исто така нагласи дека токму таквиот карактер го прави Иванов најдобриот избор за Штип. Филипче воедно зборуваше и за значењето на слоганот на СДСМ „Борба за домот“, истакнувајќи дека тоа е продолжение на историските борби за слобода и правда, од Илинден, преку антифашистичката борба, до денес.

„Нашиот народ точно знае кога некој сака да го угнети, да го замолчи или да го ограби токму тоа што сега го прави ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, Штип со Павел и со сите чесни, отворени и работливи кандидати за советници, чесни отворени работливи луѓе, ќе покаже дека победата е на дофат,“ порача претседателот на СДСМ.

Филипче пред штипјани зборуваше и за работата на актуелниот градоначалник Иван Јорданов кој има 90% нереализирана програма, глас за втор мандат и слабост во соочување на дебати.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Земјотрес со јачина 6,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините, 69 загинати

Следна објава

Грција денеска парализирана од генерален штрајк