Пелистер го преживеа Охрид пред важниот меч во ЛШ

Пелистер само три дена по тешкото гостување во Лисабон, продолжи со обврските во Супер-лигата. Актуелниот македонски првак му гостуваше на ГРК Охрид во меч од 18-то коло и дојде до победа од 25-27 (13-16). Овој триумф беше важен за битолчани пред новата и важна пресметка во Лигата на шампиони против Динамо Букурешт на домашен терен.

За битолчани ова е 16. победа, има и два порази, додека пак за ГРК Охрид е четврти пораз, има едно реми и 13 победи.

Хосни со седум гола беше прв стрелец кај победникот каде Кузмановски и Тајник имаа по пет гола. На другата страна Орјоникидзе имаше шест погодоци.

По водството на охриѓани од 4-3, битолчани со серија 4-0 поведоа со 4-7 и ја првеземаа контролата на резултатот. На одморот беше 13-16 во корист на Пелистер, кој и во вториот дел успеваше да се снајде со налетите на домашниот тим, кој беше упорен во својата намера да дојде до изненадување. ГРК Охрид дојде на минус еден гол негатива (20-21 и 21-22). Притисокот продолжи, битолчани беа на гол до два позитива.

На три и пол минути до крајот на мечот, Павле Атанасијевиќ заработи две минути исклучување. Но, битолчани успеаја да го пребродат овој момент, на две минути до крајот имаа водство од 25-27, а Ивиќ запиша важна одбрана од седум метри. По сето ова беше јасно дека Пелистер ќе си оди со целиот плен, Раул Алонсо повика тајм-аут, да ги смири своите играчи и да го постави нападот. Кузмановски не реализираше, но ниту ГРК Охрид го искористи нападот.

Претходна вестНа скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи
Следна вестОблачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег