Темен режим Режим на светлина

Пелистер преку квалификации ќе се бори за влез во ФИБА Лигата на шампионите

Тимот на Пелистер ќе ја брани честа на македонската клупска кошарка во натпреварите кои се во ингеренции на ФИБА. Светската кошаркарска федерација одлучи во десеттото издание на Лигата на шампиони, квалификациите да бидат реализирани во Самоков, Бугарија.

Во првото елиминациско коло на 19 септември, „зелено-белите“ ќе играат против италијанската Реџана. Почетокот е закажан за 15:30 часот.

Покрај Пелистер и Реџана, во групата 2 се и: Орадеа (Романија), белгискиот Антверпен, турската Бурсаспор, германскиот Брауншвајг, ПАОК (Грција) и Дерби Студентски центар (Црна Гора).

Согласно со натпреварувачкиот „костур“ доколку биде подобар од италијанскиот претставник, Пелистер ќе се сретне со победникот од дуелот Орадеа-Антверпен, мечот со кој ќе биде отворен овој собир во Самоков.

Во случај на неуспех на дуелот со Реџана, „пелистерци“ ќе продолжат да се натпреваруваат во ФИБА Еврокупот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Методологија за енергетска сиромаштија за прв пат во Македонија

Следна објава

Преспанското Езеро и понатаму се „суши“