Пелистер со одмазда против Војводина

По двата незгодни порази против Војводина и Нексе на гости, Еурофарм Пелистер стигна до одмазничка 30:25 (14:12) победа над Војводина во третото коло во регионалната СЕХА-лига.

Пелистер загуби на гостувањето во Нови Сад со високи 29:24, но пред домашна публика не му дозволи на актуелниот српски шампион да направи изненадување, во меч во кој водеа од почеток до крај.

Каспер Кисум беше убедливо најефикасен кај Пелистер со 9 постигнати голови, додека Вилсон Давајес додаде седум гола. За Војводина Никола Ковачевиќ постигна седум гола.

Претходна вестПриведени трите лица кои мачеа коњ, ќе одговараат кривично
Следна вестЗатвореник сакал да си донесе марихуана во затвор