Пендаровски: Ако граѓаните се задоволни ќе размислам и за втор мандат

Шефот на државата Стево Пендаровски размислува и за нов претседателски мандат. Во синиќешното гостување на ТВ Алсат – М тој рече дека не исклучува кандидатура за втор мандат во 2024 година.

– Јас сум првиот политичар етнички Македонец кој за својата прва кампања имал слогани на албански јазик. Ако се решам да одам повторно, на втор мандат, ќе морам да смислам нешто сосем ново. Ако граѓаните се задоволни од мојот мандат, здравје Боже до 2024 година, се разбира, ако добијам политичка поддршка од коалицијата што ме поддржуваше во претходните два обида, ќе размислам на таа тема и за нов мандат, изјави Пендаровски во интервјуто за ТВ Алсат-М.

Што ново би смислил претседателот останува да се види, како што останува да се види и дали граѓаните се задоволни од неговиот досегашен ангажман, односно дали дал доволно позитивности за Македонија. Секако останува и да се види кој тоа ќе го измери (се надеваме не неговиот кабинет) и ќе му го каже на Пендаровски расположението на народот.

Претходна вестПроменливо облачно со температура до 14 степени
Следна вестОд денеска приватните превозници ќе протестираат само на „Илинденска“ пред  бараките на Град Скопје