Шефот на државата Стево Пендаровски би сакал уставните промени да имаат одложено дејство и да важат откако Македонија ќе стане членка на ЕИ но тое е нереално. Пендаровски ова го кажа како одговор на новинарскомпрашање на заедничката прес конференција со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар. Според шефотна државата, во право се и власта и опозицијата во нивните изјави по лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицковски.
-Ако ги гледате изјавите по таа лидерска средба и едните и другите се во право. Во право е премиерот кога вели дека има промена на ставот кај лидерот на опозициската партија, кој претходно велеше дека не сака да гласа за Бугарите во уставот и дека не може да правиме уставни измени под бугарски диктат. Тој тврдеше дека овој состав на парламентот нема мандат од граѓаните за воопшто да влезе во процесот на уставни промени. Тоа е неспорно. Од друга страна е во право опозицијата кога вели дека нејзините предуслови кои дополнително ги има испоставено на лидерската средба. Особено барањето за одложено дејство на уставните проемни, или тие да важат отако Македонија ќе стане членка на ЕУ. Тоа според мене е апсолутно надвор од реалноста, иако јас би сакал да биде така, изјави Пендаровски.
Тој објасни дека заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни во кои се вели дека Македонија мора да ги направи уставни промени до крајот на скрининг процесот за по автоматизам да продолжите со втората конфевернцијата и отвотрањето на кластерот.
-Треба да имаме нови заклучоци на Советот на Европа, а знаете колку е тешко тоа, за да биде можно да ги усвоиме уставните измени со одложено дејство. Тоа е нереално. Се надевам дека тоа не се користи како изговор за да не се влезе во уставните промени. Бев изненаден кога чув дека главната опозициона партија е подготвена да биде дел од Владата со пет ресори и да гласа од позиција на владејачка партија. За уставни промени може да гласате и од позиција на опозиција, рече Пендаровски.
На новинарско прашање дали ќе успее Македонија да ги направи промените на Уставот до почнување на настанот Брдо-Бриони, кој годинава се одржува во Македонија, пртеседателот рече дека нема време за такво нешто.
Словенечката претседателка Пирц Мусар рече дека Словенија секогаш и помагала и ќе и помага на Македонија во процесот на евроинтеграциите и дека гарантира дека Македонија нема да ја снема од дебатите за проширување на ЕУ.
– Словенија мораше да го смени Уставот и тогаш во мојата татковина се слушаше како тоа не е добро за словенечкиот народ, како ќе се изгуби словенечкиот јазик. Го променивме Уставот во член кој дозволуваше странците да купуваат и поседуваат имот. Имаше политички расправи и дебати, имаше жешки расправи од тој аспект, но успеавме во тоа, бидејќи словенечката политика беше свесна дека треба да бидеме единствени кога треба да реализираме европски проекти. Се надевам дека политичарите ќе сфатат колку е битно единството и размислувањето дека треба да се оди пет/шест чекори напред и да се сфати што е добро за македонскиот народ. Јас искрено се надевам дека ќе покажете доволно политичка мудрост и ќе го смените Уставот, порача Пирц Мусар.