Пендаровски на свој начин го честиташе Илинден

Македонија денеска го слави својот најголем празник – Илинден. Граѓаните си споделуваат честитки. Честитка преку Твитер испрати и претседателот Стево Пендаровски.

Тој кратко напишал:

-Нека ни е вековита слободата, независноста и сувереноста! За многу години Илинден!

Бројни граѓани веднаш му одговориле со негодување дека не ја споменува ниту Македонија ниту македонскиот народ. Наведуваме само неколку примери:

Познатиот твитерџија – Јордан Пиперката му напишал:

-Фали Македонија во пораката, во Македонска држава ќе славиме Илинден, или во друга формација, какви се вашите визии… шо ви пишува таму во тефтерот, Еу и Нато?!

Твитерџија потпишан како Едвард Благојче – го прашува претседателот:

– Нашидониум се вика спомеников?

Твитерџијата – Аман веќе – му одговорил:

– Друже прецедниче. А да избришеш профил? Навредливо е да се самоцензурира председател на држава.

Инаку, денеска Пендаровски ќе учествува на некои од празничните манифестации, па ќе може да се види дали ги прифаќа укажувањата на граѓаните и дали ќе се корегира.

Претходна вестМакедонија го слави Илинден – празник на непокорот и на македонската државност
Следна вестПоставено спомен обележјето за АСНОМ во манастирот Св. „Прохор Пчински“